Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Книги и документи изгореа во една од просториите на поранешниот дом на АРМ во Куманово.
Пожарот избувнал вчера во 14 часот на вториот кат, откако била запалена хартијата во една од канцелариите. Брзо интервенирала противпожарната единица, па пожарот бил навремено изгаснат и не се проширил на кровната конструкција и останатите простории во објектот.
Се претпоставува дека пожарот е подметнат, бидејќи откако војската го напушти домот, тој претставува дувло на наркомани и бездомници. Објектот е даден на користење на Архивот на Македонија и Министерството за замјоделство, па никој не се грижи за него.
(фото архива)