Гореше сува трева во Доброшане и на “Никшичка“
08.08.2015 10:34
| KumanovoNews
Во текот на вчерашниот ден регистрирани се два пожари на запалена сува трева во населба Доброшане и на улица “Никшичка“.

Територијалната противпожарна единица Куманово од 09.35 до 10.55 часот, интервенирала на опожарена сува трева со непозната површина во атерот на Доброшане.
На улица „Никшичка“ интервенирано е од 13.50 до 14.40 часот на запалена сува трева.
Нема податоци за причинета материјална штета.