×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гори депонијата „Краста“, огнот се затрпува со земја но ветерот го разгорува

    27.02.2023 13:21 | Оливера Пешевска

    Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“, од вчера го гасната пожарот на депонијата Карста, а интервенирала и Територијалната противпожарна единица Куманово.  Пожарот се затрпува со земја и локализиран е горниот дел од депонијата, но силниот ветар го разгорува сметот, кој постојано тлее.

    Гори депонијата „Краста“, огнот се затрпува со земја но ветерот го разгорува

    „Во текот на вчерашниот ден дојде до потпалување на сметот на депонијата Краста. И покрај обидите на ТППЕ Куманово, сепак не можеше целосно да се изгасне. Работиме и со наша механизација, но потрупувањето оди тешко поради меката, порозна земја и густиот чад кој ја ограничува видливоста за работниците и предизвикува потешкотиите со дишењето. Сепак се прават напори, досега изгаснавме 70% а за останатите 30 проценти очекуваме до крајот на денот да се завршат“, изјави Даниел Стојчевски, директор на ЈП Чистота и зеленило.

     Акцијата се одвива отежнато поради денешните временски услови и ветерот кој постојано дува, но и тешко достапното место. Земјата е обезбедена од залихите на јавното претпријатие и од една приватна фирма која излегла во пресрет на повикот на надлежните.

    „Побаравме поддршка од приватни стопанственици кои располагаат со земја која ќе се употреби за санација и една фирма се одѕва на повикот. Се обезбедуваме и од сопствени залихи, постојано се работи на санација на огнот и се надеваме дека очекувањето за брзо завршување на акцијата ќе се исполнат“, додава  Стојчевски.