×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВИДЕО: Гори депонијата Краста, жителите на Пчиња стравуваат пожарот да не се прошири кон селото

    17.06.2024 23:21 | Сузана Николиќ

    Голем пожар вечерва околу 22 часот избувнал на депонијата Краста во близина на Куманово. Жителите на Пчиња кажуваат дека повеќе од еден час се борат со огнената стихија која се заканува да се прошири на полето и да изгорат житата.

    „Овде е страшно. Целата депонија е во пламен. Излеговме цело село со мeханизација и и трактори за да помогнеме да се стави пожарот под контrола, но засега тешко. Орaме околу депонијата за да спречиме огнот да се прошири на житото. Живи ќе изгориме, а никој нема од надлежните од претпријатието веќе еден час“, велат жителите.

    На терен се пожарникарите кои го гаснат пожарот и екипа на полицијата која го регулира сообраќајот.

    Жителите се гневни затоа што не е преземало ништо, да се спречи појавата на пожар, бидејќи депонијата неколку денови чадела. Бараат трајно решение на проблемот, затоа што  е загрозено нивното здравје и опстанок во селото од проблемите кои им ги создава депонијата.

     

     

    ВИДЕО: Гори депонијата Краста, жителите на Пчиња стравуваат пожарот да не се прошири кон селото