×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Горивата поевтинуваат од три до пет денари за литар

    23.03.2020 14:59 | KumanovoNews

     Цените на горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат од три до пет денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

    Горивата поевтинуваат од три до пет денари за литар

    Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 9,18 отсто. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 5,00 денари за литар и ќе изнесува 49,50 ден. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 4,50 денари за литар и ќе се продава за 52 денари.

    Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 3,00 денари по литар, и ќе изнесуваат 45,50, односно 34,50 денари.

    Со одлуката на РКЕ за 3,195 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува и ќе изнесува 18,738 денари.