×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Горивата поскапуваат за еден денар

    18.10.2021 16:19 | Сузана Николиќ

    По полноќ цените на бензинот и на дизел горивото ќе се зголемат за 1 денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цената на бензинот од 98 октани ќе изнесува 78,50 денари, додека „обичниот“ од 95 октани ќе се продава за 76,50 денари за литар.

    Горивата поскапуваат за еден денар

    Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.10.2021 година.

    Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,249 денар/килограм и сега ќе изнесува 43,010 ден/кг.

    Од 19.10.2021 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

    Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 76,50 (денари/литар)
    Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 78,50 (денари/литар)
    Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)
    Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
    Мазут М-1 НС 43,010 (денари/килограм)

    Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 2,197 %, кај дизелот за 2,842 %, кај екстра лесното масло за 2,853 % и кај мазутот за 0,554 %, велат од Комисијата.