Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Л.З.(19) од Матејче, Липковско вчера била грабната од две лица во населбата Бедиње додека со такси се враќала дома.
Инцидентот се случил во 16.30 часот, кога А.А.(27) и И.Р.(20) двајцата од Липково, го запреле такси возилото и откако се заканиле на другите патници, ја извлекле девојката. Со сила успејале да ја стават во нивниот автомобил и ја возеле низ градот. Тогаш А.А. почнал да ја удира со тупаници и шлаканици по лицето и телото, велејќи и дека не смее да се вери за друг. Избезумена девојката ги молела да ја ослободат, но безуспешно, додека некој не се јавил по телефон. Тогаш грабнувачите го запреле возилото и побегнале, а Л.З. ја оставиле на периферијата на градот.
Случајот бил пријавен во кумановската полиција по што И.Р е приведен, додека првопријавениот А.А.е во бегство и по него се трага. Против нив е поднесена кривична пријава за грабнување.