×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градинката “Ангел Шајче“ прослави 55 години постоење

    16.05.2013 12:32 | KumanovoNews

     Детската градинка “Ангел Шајче“ денеска прослави 55 години постоење и работа со деца

    Градинката “Ангел Шајче“ прослави 55 години постоење

     Во спортската сала се одржа голема прослава под мотото “Да му кажеме здраво на светот“, а децата со игра и песна, децата  ја презентираа културата на 13 различни држави.

    Овој свечен момент за нас е голема радост. Во изминативе години имаме резултати со кои можеме да се гордееме. Од 1958 година, од една скромна градинка прераснавме во развиена установа со шест објекти, најголема во Македонија. Имаме згрижено 1437 деца, со нив работат 160 вработени - изјави директорката Марина Алексовска.

    Градоначаликот Зоран Дамјановски го честиташе големиот јубилеј, со желби за плодна работа, и со надеж дека ќе се остварат заложбите за изградба на нови градинки во градот.

    Со гордост можам да се пофалам дека ова е една од најдобрите јавни установи во државата. Со оваа космополитска претстава што ја изведоа децата, покажавме дека уште од најмала возраст во едукативниот процес го развиваме граѓанскиот концепт во Куманово. Ние сме единствена градинка која има воспитна дејност на три јазика: македонски, албански и српски јазик,  а наскоро ќе се воведе и четвртио-ромски јазик- рече во обраќањето Дамјановски.

    Во име на граѓаните на Куманово, Дамјановски на директорката и врачи цвеќе и скромен подарок.