Градинката Бубамара со нови еко активности
06.11.2012 10:04
| KumanovoNews
Градинката Бубамара која се наоѓа кај комплексот “Чик“ утре ќе реализира еколошки активности со мултиетнички карактер.
Настанот се организира по повод Светскиот ден на акцијата. На меѓународно ниво со помош на Фондација за еколошка едукација сите градинки и училишта кои спроведуваат еколошки програми ќе го одбележат овој ден.
Еко активностите утре почнуваат во 10 часот во градинка Бубамара која е во состав на ЈОУДГ “Анѓел Шајче“.