Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сите објекти на градинката “Анѓел Шајче“ утре ќе работат нормално.
Денот на дрвото ќе се одработува на 13 декември во сабота и тогаш ќе има дежурство во објектот “Развигорче“ кај Спортската сала.
“Добивме допис од Министерство за труд и социјална политика и утре ќе работиме нормално. На 13 декември децата ќе се згрижуваат само во објект “Развигорче“ на улица “Моша Пијаде“. Од искуство од претходните години, доволно ќе биде децата да се згрижат во еден објект за да не се загреваат сите други објекти кога нема потреба“ - вели директорката Марина Алексовска.