Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лекарите советуваат за Велигден граѓаните да не претеруваат со јадење и пиење алкохол.
Обилните оброци треба да се избегнуваат. Хронично болните, луѓето со висок притисок да не претеруваат со внесување на мрсна, солена и зачинета храна. Сега е топло, и откако ќе јадат не треба да се изложуваат многу на сонце. Ако го оптоварат желудникот со храна, доаѓа до гадење и повраќање. Алкохолот треба да се зема во умерени количини - вели Христина Краиновиќ, доктор по општа медицина во Брза помош.
Таа објаснува дека граѓаните се повеќе внимаваат на исхраната, се грижат за своето здравје и за 1 мај бројот на граѓани кои претерале со пиење бил сосема мал.