×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните да се јавуваат само ако се во животнозагрозувачка состојба, апелираат од Итна помош

    01.04.2020 10:00 | KumanovoNews

    Од Итната медицинска помош во Куманово, информираат дека поради новонастаната состојба со епидемијата Ковид 19, примаат повици само за животно загрозувачки состојби и апелираат да не се јавуваа оние кои немаат итна потреба од нивна помош и интервенција.

    Граѓаните да се јавуваат само ако се во животнозагрозувачка состојба, апелираат од Итна помош

    -  Затоа ве молиме да не ја злоупотребувате Итната медицинска помош за барање на транспорт до болницата, за посети на хронично болни кои имаат таблетарна терапија препишана од матичен лекар или лекар специјалист, како и пациенти кои се во изолација, а не се животно загрозени. Сите можат да добијат совет во секое време или транспорт до Инфективното одделение во Куманово по препорака на доктор епидемиолог, - соопштуваат од Здравствениот дом во Куманово.

    Итнатата медицинска помош во Куманово моментално располага со осум лекари, по двајца лекари во смена и три санитетски возила.

    - Една екипа и едно возило се користат за транспорт на пациенти позитивни на коронавирусот до инфективното одделение во Куманово или до Инфективната клиника во Скопје, поради што некогаш Итната помош останува со една екипа и мора да врши селекција на повиците, - соопштуваат од Здравствен дом Куманово.

    Од Итната помош ги молат граѓаните на разбирање и ги повикуваат да останат дома и да го чуваат своето здравје и здравјето на другите.

    Итната медицинска помош во Куманово, со години наназад кубури со возила и кадар, а покрај територијата на општина Куманово која брои над 100.000 жители, ја покрива и соседната општина Старо Нагоричане.