×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните добија нова комунална такса

    26.10.2011 15:04 | KumanovoNews

     Граѓаните на Куманово од 1 ноември ќе плаќаат нова давачка, комунална услуга за пречистување на отпадните води во градот. Секое домаќинство покрај сметката за вода, на ЈП „Водовод„ ќе му плаќа уште 8,5 денари за преработка на отпадните води во Пречистителната станица во селото Добрешане.

    Граѓаните добија нова комунална такса

    Одлуката за новата комунална такса ја донесоа советниците на денешната седница, по долга и жолчна расправа.

    ЈП „Водовод„ стопанисува со пречистителната станица од 2008 година, и досега не ја наплаќаше оваа услуга. Се работи за симболична сума од 8,5 денари по м3, која нема да се одрази многу на буџетот на граѓаните. Бидејќи ова е законска обврска ние мораме да почнеме со наплатата. Како претпријатие  се најдовме во многу тешка финансиска состојба поради тоа што имаме дополнителните трошоци од околу 1 милион евра годишно за работа на пречистителната станица - вели директорот Виктор Божиновски.

    Додека советниците од позицијата ја правдаа одлуката, советниците на ВМРО-ДПМНЕ бараа прво да се направи ревизија на работа и долговите на јавното препријатие, а дури потоа да се расправа за воведување на новата давачка.

     Цената на водата се покачи, иако советниците на СДСМ и градоначалникот се обидуваат да ја спинуваат оваа работа и ублажено да ја презентираат пред граѓаните. Тие ќе бидат свесни на одлуката кога ќе ги добијат повисоките сметки. Ние најостро се спротивставивме на оваа одлука, бидејќи две години наназад објаснувавме дека претпријатието е во катастрофална состојба, поради превработеност и неспособноста на менаџерскиот тим. Сега цената за не домаќинското работење на ЈП „Водовод„ ќе ја плаќаат граѓаните - вели кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ Бобан Николовски.

    Градоначалникот Зоран Дамјановски објаснува дека локалната самоуправа во изминатите три години ја субвенционирала работата на пречистителната станица, но бидејќи државата не се вклучила во одржување на овој капитален објект, тие се принудени такстата да ја собираат од граѓаните.

    Куманово е еден од ретките градови на Балканот каде што постои ваква пречистителна станица, која целосно ги прочистува отпадните води. Еколошката програма требаше да ја подржи и Владата, бидејќи таа е во интерес на целата држава. Како што знате ние не добивме никаква помош од нив, и затоа потребните сретства за нејзина работа  и одржување мораме да ги обезбедиме на ваков начин- вели Дамјановски.

    Тој најави парична помош за социјално загрозените семејства заради плаќање на режиските трошоци на домаќинствата, како и превземење на поригорозни мерки за неплаќачите на потрошената вода, за да јавното претпријатие „Водовод„ ја стабилизира својата финансиска позиција.

    Кумановци досега водата ја плаќаа по 35,10 денари, а со новата давачка се покачи на 43,6 денари за м3.