Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска напладне на Градскиот плоштад, организираше бесплатно мерење на шекер во крвта на граѓаните.
Ова е само една од низата акривности што ја организира Унијата на жени. Денешната акција е од областа на здравството, и сите граѓани кои ќе дојдат ќе им биде проверено нивото на шекерот во крвта. Имаме доволни количини на ленти за мерење на гликемија и сите кои ќе дојдат ќе ги услужиме- рече претседателката на Унија на жени Злата Божиновска.
Таа најави дека акцииите за помош на граѓаните ќе продолжат и во текот на летото. Планирано е да се посети Домот за стари лица, како и семјства кои имаат болни лица.