×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните преку анкета можат да ја оценат работата на сообраќајната полиција во Куманово

    06.03.2021 14:39 | KumanovoNews

    Полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Тетово, Гостивар, Куманово и Охрид започнаа со употреба на камери за регистрирање на контактот со граѓаните. Од МВР ги повикуваат граѓаните да ја оценат нивната работа преку анкета.

    Граѓаните преку анкета можат да ја оценат работата на сообраќајната полиција во Куманово

    „Со цел да се оцени системот на мобилниот систем за снимање со камера (МССК) ги покануваме граѓаните кои имале искуство со сообраќајна полиција опремена со систем за снимање со камери да ја искористат можноста да ја пополнат анкетата со цел оценување и понатамошно развивање на овој систем. Оценувањето ќе се врши преку пополнување на анонимна анкета од мобилен телефон со едноставно скенирање на следните QR кодови на македонски и албански или со директно кликање на следниот линк https://www.surveymonkey.com/r/BWC_MKD , соопштува МВР.

    Овој проект е имплементиран со поддршка на Амбасадата на САД во Северна Македонија и ИЦИТАП меѓународната програма за помош и обука при водење на кривични истраги на министерството за правда на САД. Проектот веќе во следна фаза планира имплементација на системот за снимање со камери на територија и на другите Сектори за внатрешни работи ширум државата со што целата сообраќајна полиција би била опремена со таков систем со кој ќе се отстрани било каква можност за коруптивно и незаконско постапување.

    (С.Н.)