Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Националниот ромски центар во Куманово дава бесплатна правна помош на сите граѓани почнувајќи од 2011 година. Во земјава има четири вакви центри кои нудат бесплатна правна помош.
Нашата работа се состои од три дела и тоа давање на општи правни информации, иницијални правни совети и барање за бесплатна правна помош. Многу луѓе не се информирани дека вакво нешто постои. Обично прашуваат за правата од социјална и здравствена заштита , а многу помалку за имотно-правните и семејните односи. Лани се јавиле 458 луѓе, а ова година можам да кажам дека секој месец во просек доаѓаат по 30 граѓани. Помошта е наменета за сите, но ние сме фокусирани пред се на ромската популација која е маргинализирана. Ние никого не застапуваме, туку ги упатуваме луѓето што понатаму - вели Оливер Митов, координатор на бесплатна правна помош.
Законот за бесплатна правна помош е донесен во 2010 година по што почнаа да се оформуваат здруженија кои бесплатно ќе даваат правни совети.