×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните вакцинирани во странство ќе можат да се ревакцинираат во земјава

    03.07.2021 07:58 | KumanovoNews

    Министерството за здравство ја информира јавноста дека од денеска (03.07.2021), заклучно со 10 јули 2021 година, ќе биде во функција веб страницата https://vakcinacija.mk/revaccination, која е за регистрација само на оние граѓани кои се вакцинирале во странство и сакаат да се ревакцинираат во земјава.

    Граѓаните вакцинирани во странство ќе можат да се ревакцинираат во земјава

    „Преку регистрацијата на граѓаните ќе може да добиеме детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат. Страната за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена. На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни. Најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани е фактот што дозите не можевме досега да ги планираме и не знаеме со што ќе располагаме во моментот кога тие треба да се ревакцинираат“, информираат од Министерството за здравство.

    Со вакцината на Астра Зенека во земјава ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години. За сите останати граѓани, после регистрацијата на сајтот, Министерството за здравство ќе направи обид да се обезбедат доволни количини вакцини, по што ќе бидат споделени информациите во јавноста.