×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалници од Срцето на Словенија во посета на Североисточниот регион

    17.10.2011 15:34 | KumanovoNews

     Во посета на општините на Североисточниот плански регион од вчера престојуваат повеќе градоначалници и бизнисмени од регионот кој се нарекува Срцето на Словенија.

    Градоначалници од Срцето на Словенија во посета на Североисточниот регион

     Делегацијата ја сочинуваат градоначалниците на Домжале, Шентрупет, Менгеш, Дол кај Љубљана, Луковица, Литија, претставниците на центарот за развој Литија, како и десетина бизнисмени.

    Со овој регион, кој е многу сличен на нашиот, ние сме партнери во неколку проекти и нашата соработка постојано се продлабочува. Посетата има за цел да се пренесат искуства, знаењата и добрите резултати на колегите од регионот Срце на Словенија на нашиот Североисточен регион. При тоа ќе направиме подготовка за следните партнерства во нови транснационални проекти во програмите на ЕУ. Во посетата се вклучени и нивни локални бизнисмени, кои треба да воспостават економски врски помеѓу општините од Срце на Словенија и општините Куманово, Старо Нагоричене, Крива Паланка, Кратово, Ранковце и Липково- вели Младен Протиќ, раководителот на Североисточниот плански регион.

    Градоначалниците и бизнисмените од Словенија во наредните три дена ќе се сретанат со своите македонски колеги од шесте општини и ќе им ги пренесат нивните искуства во развојот на општините.На денешната средба градоначалникот Зоран Дамјановски, како претседател на градоначалниците на Североисточниот регион ги поздрави гостите и посака успешна соработка.

    Суштината на оваа соработка е приближување на бизнис заедницата на двата региона, се со цел да разменат искуства и да се развие соработка за идни проекти за поврзување на бизнис секторот- рече Дамјновски.  

    Гостите од Словенија ќе ги посетат култутно-историските знаменитости во општините, како и природните ресурси.