×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот ја прими најдобрата математичарка

    19.06.2013 12:29 | KumanovoNews

     Градоначалникот Зоран Дамјановски и секретарот на Општина Куманово, Валентина Алексовска, денеска ја примија Теа Стоилковска, ученичка од осмо одделение во ОУ “Браќа Миладиновци“ која на 23 јуни ќе учествува на Балканската олимпијада по математика во Анталија, Турција.

    Градоначалникот ја прими најдобрата математичарка

    При тоа нагласиja дека локалната самоуправа отсекогаш ги поддржува активностите на нашите ученици, а особено на оние кои се талентирани и покажуваат извонредни резултати.

    Теа Стоилковска освои златен медал на математичка олимпијада во Скопје и со тоа се здоби со учество на Јуниорска математичка олимпијада која ќе се оддржи во Анталија. Со тоа имаме право да кажеме дека таа придонесе нашиот град Куманово да се вброи во градовите кои се извор на таленти. Ние ќе помогнеме Теа да отпатува до Турција да ја афирмира нашата општина на најдобар можен начин - изјави Алексовска.

    Теа  се збалагодари на сите кои и дадоа морална и матерјална подршка за Олимпијадата.

     Се подготвувам многу затоа што сакам да освојам медал и тоа е една од моите најголеми желби. За да се постигне успех треба континуирана работа, треба многу да се вежба за да се постигне забележителен резултат. Сакам да се заблагодарам на мојата менторка Дафина Јосимовска како и на моите родители - рече Теа Стоилковска.

    Таа го заврши основното образование со голем број на дипломи и признанија, а една од поволностите која и се нуди заради нејзините успеси е да продолжи во средното училиште “Јахја Кемал“ во Скопје.