Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Џабе е програмата ако немате квалитетни луѓе, кои се посветени, работат и го сакаат својот град, истакна пред кумановчани потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, кој додаде дека кандидатот Оливер Илиевски е иден градоначалник и како човек е чесен, достоинствен, комуникативен и многу вреден.
„Ако не ги знаете проблемите на граѓаните, не можете да направите програма. Мора да го познавате градот и како дише декој дел од градот, ако сакате проблемот вистински да биде решен. Затоа изминатата година нашите тимови беа во сите населени места за да ги согледаме работите и да ги предлагаме на Советот на општината. Денеска тие проекти се реализираат, многу касно, но добро е сепак да се прави нешто за граѓаните“, кажа Спасовски.
Тој рече дека е горд што успеал во изминатите четири години да наметнеме еден принцип, според кој Владата му помогнала на Куманово онаму кадешто можела.
„Има проекти што ги финансиравме само затоа што ги поддржа Владата, три спортски сали, неколку терени, градба на казанализациона мрежа во Тромеѓе, градба на рекреативен центар Студена вода, патен правец до Доброшане и уште многу такви проекти што беа финансирани од Владата предводена од СДСМ“, потсети Спасовски.
Тој рече дека ќе се залага за завршување на реконструкцијата на спортската убавица Соколана, реконструкција на спортската сала и целосна реконструкција на спомен Костурницата.
„Мојата обврска пред граѓаните на Куманово е реконструкција на Соколана, реконструкција на спортската сала и целосна реконструкција на спомен Костурница, бидејќи нашето минато е нашата иднина. Средствата се обезбедени од Aгенцијата за млади и спорт“, рече Спасовски.
Toj нагласи дека ќе бидат победени режимот, но и оние кои сакаат да се пазарат, потенцирајќи дека за Куманово досега се борела само социјалдемократијата и затоа Куманово ќе има повторно градоначалник од СДСМ.
„Еден градоначалник не смее да дозволи да има маало како Соколана и да му поминат четири години, а да знае дека улиците не се асфалтирани и дел немаат вода. При такви услови еден градоначалник не треба да се занимава со високи политики, со Бугарија, Грција… Таквите градоначалници се популисти и затоа треба да го избереме Оливер Илиевски, кој ќе крои политика на градот и ќе има визија какво ќе е Куманово после четири, осум, дваесет години, заклучи Спасовски.