Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски денеска однесе хигиенски пакети за мигрантите кои престојуваат во Градската џамија, пред да го продолжат патот кон Србија.
Потенцираше дека како градоначалник нема ингеренции по ова прашање, туку како граѓанин заедно со уште неколку индивидуалци сака да им помогне на овие луѓе.
Дојдов како граѓанин, јас како градоначалник на општина немам никакви ингеренции во оваа хуманитарна катастрофа. Ова е масовна појава, се зборува за илјадници луѓе. На граници поминуваат над 5000 луѓе кои доаѓаат од Куманово и тука е тесното грло. Се надева дека ќе се донесе законот за мигранти со кој ќе се овозможи 72 часовен престој, со што ќе им се овозможи да ги користат транспорните средства и побрза експедиција до посакуваните дестинации. Мислам дека на тој начин ќе се намали страдањето на овие луѓе. Можеби нема да се отстрани, но ќе се намали. Ние како град ќе помогнеме да собереме некои хуманитарни средства и да помогнеме за згрижување на овие луѓе - рече Дамјановски.
Мигрантите пеш или со велосипеди од Гевгелија доаѓаат до Куманово, со намера оттука преку Србија да отидат во земјите од Западна Европа.