×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градоначалникот се извини на вработените во Водовод

    02.11.2011 15:33 | KumanovoNews

     Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, вчера им се извини на вработените во ЈП „Водовод„, поради тоа што локалната власт не дозволила во изминатите три години да се воведе нова комунална услуга за пречистување на отпадните води, па претпријатието се нашло во тешка финансиска состојба.

    Градоначалникот се извини на вработените во Водовод

    Јас во мое име, како политичар, се извинувам на овие луѓе за претрпените штети во изминатите неколку години, бидејќи поради политиката што ја водевме трпеше личниот стандард на сите работници. За да ги заштитиме граѓаните од уште поголемо социјално пропаѓање, благодарение на 8 годишното владеење на оваа влада, ние не ја наплаќавме  вистинската цена на нашиот производ, иако ставката за пречистување на орпадната вода е законска обврска на ова претпријатие. Меѓутоа од денеска започнува нова ера, во која јавното претпријатие ќе си го завземе местото што го заслужува- рече Дамјановски пред вработените во „Водовод„, на пуштањето на новата гасна топлана.  

    При тоа не пропушти да ги нападне политичките опоненти од ВМРО-ДПМНЕ, за кои смета дека неосновано ја критикуваат работата на локалната администрација, а ништо не преземаат да помогнат во развојот на градот.