Градоначалникот со честитка за Божиќ
06.01.2012 15:43
| KumanovoNews
Градоначалникот Зоран Дамјановски им го честиташе празникот на сите граѓани што го слават големиот христијански празник Божиќ.

Во мое име и во име на локалната самоуправа на сите граѓани од православна вероисповест им го честитам најголемиот христијански празник Божиќ и посакувам да го поминат во добро здравје, благосостојба, разбирање и душевен мир. Празникот на Христовото раѓање да им донесе радост во кругот на семејства и пријателите. Нека се среќни и вековити и наредните православни празници Василица, Водици и Свети Јован.
Христос се роди!