×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Градскиот базен нема да работи до април поради економска неисплатливост, кажа директорот Стојчевски

    18.10.2022 16:42 | KumanovoNews

    Поради енормното покачување на цената на електрична енергија и на гасот, Градскиот базен во Куманово нема да работи до април.

    Градскиот базен нема да работи до април поради економска неисплатливост, кажа директорот Стојчевски

    „Средствата кои што се потребни на јавното претпријатие да го одржува базенот во нормална функција на месечно ниво можат да достигнат и до 6 милиони денари или на годишно ниво повеќе од 1 милион евра, што значи околу 15 отсто од вкупниот оперативен буџет на Општината да се издвојува за нормална функција на градскиот базен“, кажа на денешната прес конференција Даниел Стојчевски, директорот на ЈП „Чистота и зеленило“.

    Тој додаде дека како и минатата година така и оваа година, базенот времено ќе запре со работа и повторно ќе биде ставен во функција за јавна употреба од месец април 2023 година по примерот на останатите затворени базени во државата. 

    Тој ги повика претставниците на СДСМ доколку се искрено загрижени за функционирањето на овој објект да обезбедат финансиски средства преку Владата и базенот ќе биде повторно отворен.

    Во продолжение на пресот, Стојчевски, кој е воедно е и претседател на здружението „За наше Куманово“, не пропушти да зборува за успешното менаџирање на локалната власт, но не и за штетата која ќе им биде предизвикана на спортистите, учениците, рекреативците и граѓаните поради затворањето на објектот.

    Граѓаните и спортските клубови се` погласни се дека Општината мора да најде начин и да помогне да продолжи со работа затворениот базен, бидејќи тоа е впрочем и неговата намена да работи во зимскиот период кога голем дел од спортски терени не можат да се користат.