×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Графит фест Куманово по трети пат

    06.05.2021 09:58 | KumanovoNews

    Десетина млади уметници од Куманово, Скопје и Битола , во сабота, на 8 мај, ќе цртаат графити и мурали , во рамките на Графит фест Куманово, кој годинава се одржува по трети пат.

    Графит фест Куманово по трети пат

    Уметничкиот перформанс  ќе се одвива на улицата „ Октомвриска револуција“, поточно кај К4 блокот згради и паркот спроти Економското училиште. Предвидени се бројни активности што ќе траат од 9-20 часот.

    Ќе  се цртаат графити и мурали, ќе се уредува паркот , ќе се поставува урбана опрема, ќе има музика и забава, а сето тоа ќе се одвива според протоколите за заштита на здравјето на учесниците, вели организаторот Горан Стојанов.

    Тој и уметникот Младен Трендовски, сакаат да го довршат започнатиот проект од минатата година на предниот дел од К4 зградите , но воедно и да го разубават паркот  за да се добие убава урбана содржина во која младите ќе можат да го поминуваат времето и да се рекреираат.

    „Планирано е исцртување на 150 квадратни метри површина, поставување на 10 канти за оптадоци, 5 клупи, засадување на дрвца, ообновување на запуштениот летниковец и озеленување на површините. Целиот комплекс ќе добие нов разубавен лик, вели Стојанов.

    Целта на неформалната група на млади креативци и уметници е да се промовира улучната уметност и општествената ангажираност на младите во локалната заедница. Тие сакаат конечно да бидат прифатени како творци на креативни и инвентивни дела, кои имаат што да кажат преку своите уметнички дела, да го вбројат Куманово во градовите со урбано ангажирана младина и да ги модернизираат локациите.

    „Муралите и графитите се типични за многу светски метрополи, тие им даваат простор младите ја изразат својата креативност и да ги пренесат своите пораки. Кај нас тоа можеби оди потешко, некои се уште нашите акции ги сметаат за обично чкртање, но кога ќе го видат крајниот резултат ни признаваат дека сме го модернизирале и разубавиле просторот, вели Стојанов.

    Графит фест Куманово се реализира со поддршка од Општина Куманово и од спонзори, кои ја препознаваат вредноста на т.н.  уличната уметност.