Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја потсетува широката јавност да биде внимателна во периодот кој што следи, да не дојде до појава на пожари, и навремено да пријави доколку дојде до таква појава.
„Како што се приближуваме до критичните периоди од сезоната на пожарите и зголемениот ризик од појава на пожари на ниво на предел, но и моменталната состојба со пожарите во Македонија, од суштинско значење е јавноста да ја разбере опасноста и да превземе проактивни чекори за заштита на шумските екосистеми односно животна средина и заедниците во целина“, велат од МЗШВ.
Оттаму додаваат да не се врши неконтролирано палење на земјоделско земјиште, бидејќи е строго забрането со закон и претставува казниво дело. Пожарите на ниво на предел директно ги загрозуваат човечките животи, имот и животната средина, а предизвикување на пожар на отворен простор е казниво дело.
За брзо откривање јавноста да алармира на 112.
Совети за безбедност:избегнување на палење на било каков оган за време на периоди на силен ветер или суво време и пронаоѓање на побезбедни методи за расчистување на земјиштето и отстранување на горливиот материјал.
МЗШВ ги охрабрува сите граѓани да останат информирани и да преземат превентивни мерки за да се избегне појава на пожари на пределот.
Исто така МЗШВ ја потсетува јавноста дека од 15.07.2024 е воведена целосна забрана за движење во шумите. За таа цел се повикува јавноста да ја следи и да се приклучи на Програмата за управување со пожарите на ниво на предел (lfmwb.net) во која Министерството е партнер институција и активно работи на имплементација на активности и мерки дефинирани во програмата со фокус на превенција и подготвеност во управувањето со пожарите на ниво на предел.
„Работејќи заедно, можеме да го намалиме ризикот и да ја обезбедиме безбедноста на нашите домови и животната средина“, соопштива МЗШВ.