×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За да се заштитат од крадци граѓаните да не се фалат на социјалните мрежи каде патуваат, апелира Кумановската полиција

    30.04.2022 14:06 | Сузана Николиќ

    Во пресрет на Првомајските празници граѓаните да внимаваат што објавуваат на социјалните мрежи и да не са фалат каде ќе патуваат на празничниот викенд, да не им дадат повод на крадците да ги посетат додека не се дома. 

    За да се заштитат од крадци граѓаните да не се фалат на социјалните мрежи каде патуваат, апелира Кумановската полиција

    Од СВР Куманово апелираат граѓаните да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на личниот имот, како на пример пари и вредни предмети додека отсуствуваат од дома. 

    „Да не се оставаат информации на социјалните мрежи пред одење дека сте надвор од дома во моментот, каде сте и што правите. При излегување да се проверат сите врати, особено во ниските делови, и да не се оставаат прозорците и вратите од терасите отворени. Исто така, да не оставаат вредни предмети на видно место во возилата и да се внимава на парите и платежните картички при работа со нив, како и носење голема количина на пари на јавни места како и заштита на џебови и чанти“, изјави портпаролката на СВР Куманово, Ивана Младеновска.

    Таа ги повика граѓаните доколку забележат нешто сомнително веднаш да пријават во полиција на телефонскиот број 192 или 112.

    Полицијата апелираше до учесниците во патниот сообраќај да се однесуваат согласно законските правила и прописи, да не управуваат под дејство на алкохол, да ја приспособат брзината на условите и состојбата на патот, како и да управуваат со соодветна важечка дозвола.