×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните да не фрлаат петарди за време на новогодишните и божиќните прослави, апелира Кумановската полиција

    22.12.2023 10:27 | Оливера Пешевска

    СВР Куманово започна превентивна кампања со која на граѓаните им укажува за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, за време на новогодишните и божиќни празници.

    Граѓаните да не фрлаат петарди за време на новогодишните и божиќните прослави, апелира Кумановската полиција

    „Во пресрет на престојните новогодишни и божиќни празници СВР Куманово упатува апел до граѓаните да се воздржат од употреба на пиротехнички средства, бидејќи на тој начин си го доведуваат во опасност животот и здравјето на самите себе, но и на другите. Истовремено укажуваме за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства“, стои во соопштението до јавноста.

    Воедно, се преземаат и репресивни мерки со цел санкционирање на оние кои се оглушуваат од насоките на надлежните. СВР Куманово ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.

    Во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, во член 31 е предвидена глоба за оној кој употребува пиротехнички средства. Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки матерјали.

    „Потсетуваме тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години. Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор“, посочуваат од полицијата.

    Доколку граѓаните се најдат во ситуација некој да им понуди пиротехнички средства може да пријават на 192.