×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓаните да пријават бучава во полиција и инспекција, повикаа од Општина Куманово

    08.08.2023 15:27 | Сузана Николиќ

     Општина Куманово денеска ги повика граѓаните да пријават бучава над дозволените граници кај надлежните општински инспекциски служби и во МВР. 

    Граѓаните да пријават бучава во полиција и инспекција, повикаа од Општина Куманово

    Во известувањето објавено на сајтот на општината е неведено која институција во кој период од денот е надлежна за проблемот и на кои броеви можат да се јават граѓаните. 

    „За нарушување на јавен ред и мир и бучава над дозволени граници во период од 23:00 часот до 06:00 часот: Пријавете на 192 во СВР Куманово.

    За бучава над дозволени граници од угостителски објекти или индустирски објекти во останатиот период од денот: Пријавете на 031 414 375 во Инспекциските служби при Општина Куманово во период од 8:00 до 15:00 часот, секој работен ден или на емаил: [email protected]

    За нарушување на јавен ред и мир и бучава над дозволени граници во период од 15:00 до 18:00 часот: Пријавете на 192 во СВР Куманово.

    За нарушување на јавен ред и мир и бучава над дозволени граници во период од 23:00 часот до 06:00 часот: Пријавете на 192 во СВР Куманово.

    За бучава над дозволени граници од угостителски објекти или индустирски објекти во останатиот период од денот: Пријавете на 031 414 375 во Инспекциските служби при Општина Куманово во период од 8:00 до 15:00 часот, секој работен ден или на емаил: [email protected]“, стои во објавата.

    Ова уследи откако во  Годишниот извештај за квалитетот на животната средина за 2022 година, кој го објави Министертвото за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), беше објавено дека Куманово е најбучен град во државата.

    „Согласно обработените податоци од комунална бучава може да се заклучи дека  Куманово е град со најголемо загадување од бучава. Нивото на бучава во животната средина во Куманово на сите мерни места и за сите три основни индикатори: бучава преку ден, во текот на вечерта и бучава преку ноќ, е над дозволената гранична вредност“, стои во извештајот.

    Куманово е рекордер и во однос на екстремната бучава, која е повисока дури за повеќе од 50 отсто од дозволеното.

    „Екстремно високо максимално ниво на бучава е измерено во пролетниот период во Куманово и изнесува 95,80 децибели, што е за 35,80 д/б над граничните вредности. Највисоката вредност во Кичево изнесува 75 д/б, во Скопје 71 д/б, додека во Битола изнесува 67,5 д/б“, покажува извештајот за 2022 година.

    Граѓаните најмногу поплаки имаат на јачината на разгласите на верските објекти, угостителските објекти, клима уредите во деловните и индустиски објекти, семејни веселби и пуштање на музика на разгласи, автомобили и мотори и др.  

    Врз основа на студии направени од Институтот за јавно здравје, најчесто како последица на зголемено ниво на бучава се јавува нарушување на спиењето, вознемиреност кај населението, оштетување на слухот, кардиоваскуларни проблеми и влијае на психофизичката состојба.