Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Крива Паланка и годинава подготвува граѓански буџет за 2024 година, а за таа цел спроведува буџетски форум на кој граѓаните идентификуват приоритети и даваат предлози за годишните програми.
Оваа алатка за широко партиципативно учество на граѓаните и зголемување на одговорноста и транпарентноста на општината е од исклучително значење за креирање на општинскиот буџет кој ќе одговара на потребите на своите жители.
„Форумите во заедницата како алатка за консултирање на граѓаните, се разликува од другите форми на граѓанско учество по тоа што форумските одлуки се почитуваат од локалните самоуправи и се земаат предвид при изготвувањето на програмите и планирањето на буџетските средства. Затоа, Општина Крива Паланка секоја година буџетот го носи преку форумски процес, а од минатата година сите програми се и родово сензитивни, односно ја вклучуваат родовата димензија во согласност со потребите на мажите и жените и други целни групи кои имаат различни потреби“, истакнува Лидија Митовска, модератор на буџетскиот форум.
Граѓаните покажуваат голем интерес за буџетскиот форум на кој имаат можност да ги проследат планираните активности во општинските програми, но и да дадат свои предлози во согласност со граѓанските приоритети.
Според досегашното искуство, општината прифаќа голем процент од граѓанските предлог идеи и иницијативи кои се вградуваат во програмите, а во најголем број случаи и се реализираат. Така, од граѓанските предлози дадени на минатогодишниот буџетски форум реализирани се високи 77 отсто. Останатите, кои не биле реализирани од објективни причини, се вметнати во програмите за 2024 година.