Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На паркингот пред спортската сала Соколана утревечер по повод празникот Прочка ќе се одржи игранка, која ја организира група на граѓани како потсетување на едно време кога овој објект беше центар на културно-спортскиот живот во градот.
Игранката ќе започне во 17.30 часот и ќе трае до 22 часот.
„Ова ќе биде убаво потсетување за нашите сограѓани, сега најверојатно пензионери кои во младите денови беа редовни гости на ваквите настани“, изјави Миодраг Димитриевски - Црни, еден од организаторите.
На игранката ќе настапат Тони Гелевски, Нино Величковски, џез пеачката Кате Катерина, младата тапанарка Лара Марковиќ и трубачки оркестар од Штип.
Соколанските игранки беа главно место за забава на младите во 60. и 70 години на минатиот век. Влезот е слободен за сите посетители.