Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово е формирано ново здружение на граѓани „Граѓански форум“, кое најавува дека ќе биде стручно, компетентно и авторитетно, а не политичко и партиско тело.
Според основачите главениот фокус на здружението е ставен кон општиот напредок, јавниот интерес и јавното добро, за економскиот и социјалниот потстрек за развој на Куманово, како еден вид на јавна градска трибина.
За претседател е избран Симеон Гелевски, поранешен претседател на Врховниот суд, потпретседaтели се д-р Зафер Сулејмани и Мартин Димковски, а секретар е Марјан Стошевски.
Здружението ќе настапува и дејствува под слоганот „Од граѓаните за граѓаните“.
Основачкото собрание на здружението се одржа синоќа, на кое беа избрани раководните органи на форумот. На промоцијата присуствувааше градоначалникот Максим Димитриевски и функционери и членови на "Наше Куманово".
Во Управниот одбор се: Иван Бабановски, Душко Ивановски, Славчо Алексиевски, Марика Дајлевиќ, Живка Христовска, Наташа Пешевска, Борис Митковски, Оливера Трајковска, Кетрин Михајловиќ, Слободан Бурназовски, Славица Божиновска, Дамјан Златановски, Драгица Стаменковиќ, Ивана Гиновска, Душка Гиевска, Јаготка Томовска и Маја Герасимовска - Илиевска.
По избор на раководството „Граѓанскиот форум“ ќе се регистрира во Основен суд и Централен регистер, а на есен ќе ја одржи и првата работна седница.