×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ ги победи политичките партии во Куманово, кажа Димитриевски

    18.10.2021 12:13 | Сузана Николиќ

    Кандидатот за градоначалник на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски, денеска одржа прес конферениција на која им се заблагодари на гласачите, коишто му дадоа поддршка на изборите и најави дека ќе ја оправда нивната доверба.

    Граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ ги победи политичките партии во Куманово, кажа Димитриевски

    „Ние пролжуваме во нови борби, со цел да го направиме Куманово поубаво место за живеење. Ова беше борба на Давид и Голијат, борба во која граѓанскиот концепт успеја да ги победи сите политички субјекти и политички партии, но успеја да отпочне со демонтажа на еден веќе монтиран систем којшто прави груба злоуоптреба на системот во партиско-политички цели. Во следните 14 дена ќе продолжиме заедно, ќе тропнеме на секоја врата и повторно ќе ја побараме ваша поддршка. Да продолжиме заедно да го водиме Куманово како еден модерен-организиран и успешен град“, кажа Димитриевски.

    Во врска со наводите дека во текот на вчерашниот ден имало повеќе изборни нерегуларности на нивна штета, Димитриевски одговори дека тие веќе поднеле преставки до меѓународните мисии и набљудувачите на изборите, но поради тоа што не успејале да обезбедат докази не поднеле писмени пријави во МВР, бидејќи, како што рече немаат доверба во институцијата којшто била организатор на нерегуларностите.  Тој вели дека ваквото однесување на поединци ќе биде казнето на 31 октомври. 

    На граѓаните  за поддршката им се заблагодари и носителката на листата Ивана Ѓорѓиевски, која кажа дека освоиле голема политичка битка против две големи политички партии. Таа најави дека нивната борба ќе продолжи до вториот круг на гласање за градоначалник. 

    Советничката листа „За наше Куманово“ освои 8 советнички места.

    Максим Димитриевки освои 15.151 глас или дваесетина гласови повеќе од Оливер Илиевски од СДСМ, кој освои 15.098 гласа, додека Тони Михајловски ВМРО-ДПМНЕ освои 8.567 гласови,  Беким Салиу од Алијансата на Албанците - 4.254  и Теодора Димитровска 1026 гласови.