×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Грантови за училишта за активности што го унапредуваат мултикултурализмот

    01.11.2021 11:26 | Сузана Николиќ

    Министерството за образование и наука објави повик за доделување грантови за основните и јавните средни училишта кои ќе реализираат заеднички ученички активности што придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата. 

    Грантови за училишта за активности што го унапредуваат мултикултурализмот

    Грантови во износ до 30.000 денари ќе бидат доделени на 95 училишта (70 основни и 25 средни) кои ќе бидат селектирани со рангирање од Комисија за вреднување на пристигнатите апликации согласно одредените критериуми. Како што наведува МОН во Јавниот повик, ативностите може да се реализираат самостојно во училиште во кое наставата се реализира на повеќе наставни јазици или во партнерство со друго училиште. Целта на повикот е промовирање на добрите практики за активности во кои се негуваат хармонични односи што се темелат на почитување на разликите. 

    „Притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество со што се овозможува градење современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент“, велат од МОН. 

    Ги охрабруваме училиштата да аплицираат со проекти за заеднички активности меѓу учениците кои реализираат настава на различни наставни јазици, наведува МОН. 

    Конкурсот трае до 3 декември 2021.