×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Греен Мобиле нов мобилен оператор со префикс 073 во Куманово

    13.07.2021 07:40 | KumanovoNews

    Новиот мобилен оператор Греен Мобиле, со префикс 073 е компанија која е формирана за да ја зголеми конкурентноста на пазарот на мобилната телефонија и мобилни услуги со цел да внесе поквалитетна и пофлексибилна понуда до секој корисник како приватно лице или бизнис корисик.

    Греен Мобиле нов мобилен оператор со префикс 073 во Куманово

    Од неодамна овој оператор има свое претставништво во Куманово, на ул. Ленинова бр.2, во салонот на поранешен Вартекс.

    „Нудиме пакети за телефонски разговори и интернет на приватни и деловни корисници, цените се движат од 299 денари до 1399 денари за граѓаните и од 460 до 2940 денари за фирмите. Пакетите и услугите се така дизајнирани за да ги задоволат потребите и барањата на сите наши клиенти во целост. Морам да признам дека сум задоволна поради тоа што кумановци го препознаваат квалитетот и професионалноста во нашата работа, бидејќи секојдневно бележиме пораст во бројот на нови корисници. Се стремиме да бидеме една од најуспешните македонски компании и препознатлив бренд. Ги повикувам нашите сограѓани да го посетат нашиот салон и да се уверат во квалитетот на нашата понуда и услуга“ изјави Габриела Крстевска, директор на Греен Мобиле, Куманово.

    Зад компанијата стојат искусни кабелски оператори, КДС Кабелнет ДОО и Каблекалл ДООЕЛ, кои повеќе од 20 години се присутни на пазарот и кои успеваат да одговорат на барањата на секој корисник во новотот дигитално време на брз технолошки развој и да придонесат во развојот и достапноста на кабелската телевизија и интернетот на територијата на која се присутни.

    Мотото на Греен Мобиле е секогаш да се биде на страната корисникот и да се одговори на сите негови потреби!

    Повеќе информации за понудата на Греен Мобиле можете да добиете на телефонскиот број 073 555 150 или лично во салонот.

    (ПР текст)