Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Граѓанската опција за Македонија денеска на прес - конференција кажаа дека во кампања влегуваат подготвено и достоинствено, ќе водат фер и позитивна кампања.
Нема да бидеме дел од препукувањата и аферите меѓу опозицијата и власта, ниту пак ќе ги употребиме истите алатки против едните или другите. Наша цел ќе биде промоција на Зоран Поповски, човек кој произлегува од граѓаните со неговата скромност и непосредност, како кандидат за претседател на коалицијата ГРОМ за претстојните избори. Коалицијата ГРОМ ги повикува и другите политички партии од власта и опозицијата, од левицата и десницата од било која националност да се водат од демократските принципи во текот на кампањата за избор на шеф на државата - изјави Марта Цветковска, портпарол на ГРОМ Куманово.
ГРОМ отвори штабови во населбите Карпош, Јане Сандански, Гоце Делчев и во центарот на градот.