Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од Граѓанска опција за Македонија денеска на прес - конференција соопштија дека почнуваат со штабско работење.
Шеф на Општински изборен штаб е Драган Чоробенски, потпретседател на ГРОМ Куманово, а негов заменик е Горан Јовановиќ, член на централниот одбор на партијата.
Голема е одговорноста на оваа функција, имајќи ја во предвид важноста на изборите кои следуваат за иднината на нашите сограѓани. Но од друга страна, е и предизвик, со оглед на тоа дека граѓаните на Куманово веќе гледаат во ГРОМ свој сојузник, нов избор, опција во чиј центар на интерес е едноставно граѓанинот. Пред нас е период во кој не чека многу работа, на која посветено ќе работиме. Општинскиот изборен штаб на ГРОМ со својот кадровски потенцијал е веќе подготвен оперативно и организациски за претстојните претседателски и парламентарни избори - вели Чоробенски.
Тој ги повика граѓаните кои не сакаат да бидат дел од играта на власта и опозицијата да им се приклучат.
Штабот ќе биде отворен постојано за граѓаните, а со средбите на терен членовите на ГРОМ ќе ги слушнат проблемите на граѓаните.