×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Груевски: Време е Куманово да даде шанса на ВМРО-ДПМНЕ

    02.02.2013 21:45 | KumanovoNews

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на промоција на кандидатот за градоначалник Зоран Ѓеорѓиевки, најави победа на локални избори во Куманово.

    Груевски: Време е Куманово да даде шанса на ВМРО-ДПМНЕ

    Ние имаме кандидат кој што во својот живот она што го ветил и го завршил, си го одржал зборот таму кај што го дал и оставил место секој да го почитува. Со таков кандидат тргнуваме во кампања на локалните избори од која ќе излеземе како победници. Време е Куманово да даде шанса на ВМРО-ДПМНЕ, па да види што е локална самоуправа и градоначалник. Ние не сакаме само победа, туку сакаме победа над Зоран Дамјановски. Сакаме победа со противник со кој ќе се вкрстат два концепти, од кои граѓаните ќе можат да изберат помеѓу концепт на ветено и во голема мера не остварено и на концепт на успешен и почитуван човек- истакна Груевски.

     Груевски ја искритикува работата на градоначалникот Зоран Дамјановски, а ги наброја проектите што ги реализирала Владата. Потоа ја пофали програмата на нивниот кандидат, која внимателно ја подготвувале во изминатиот период.

    Предвидено е отварање на индустриско-развојна зона во непосредна близина на автопатот,нова автобуска станица, зелен пазар во населбата „Гоце Делчев“,откупно-диструбутивен центар за земјоделските производи по модел на јавно приватно партнерство, изградба на пат до селата Пчиња, Вакав и Винце, нови градинки, реконструкција на десет средни и основни училишта, доизгрдаба на секундарна канализациона мрежа со приклучување на повеќе населби и села како што се Табановце, Режановце и Тромеѓа, населбите Перо Чичо и Долно Којнаре, Бедиње, спортски сали, детско одмаралиште во село Длабочица, реконструкција на градскиот стадион, основање на јавно-сообраќајно претпријатие, решавање на водоснабдителните проблеми, спортски игралишта терени за тенис во Гоце Делчев, рече Груевски.

    Кандидатот за градоначалник Зоран Ѓорѓиевски, признаен лекар хирург во Општата болница Куманово, истакна дека единствен мотив поради кој влегол во градоналничката трка е тоа што сака да даде свој придонес за изградба и развоја на општината.

    Се надевам дека заедно со вас ќе ги излечиме хроничните рани на Куманово, со тимска работа и посветеност, секој во својата сфера на знаење и работење. Во соработка на Владата ќе воведеме европски стандарди во функционирањето на локалната самоуправа.Со добар и реален план нашата цел ќе биде да одговориме на барањата на нашите граѓани. Со мојата кандидатура и програма верувам во создавање на една нова клима за поквалитетен и современ живот во нашиот град. Во мојата професија има постојани предизвици, но овој предизвик е сосема друг, полн со вредносни цели за достоинството на луѓето кои живејат во овој град. Тоа почива на правото за еднакви можности на сите. Подржете ја мојата програма бидејќи е реална и принципиелна -повика Ѓеорѓиевски.

    Промоцијата на програмата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ се одржа во преполната сала на Центарот за култура, а голем дел од граѓаните обраќањата на Груевски и Ѓеорѓиевски ги следеа надвор на видео-бим на платото.