×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Групна венчавка во црквата “Света Петка“

    12.05.2014 07:13 | KumanovoNews

    Во дворот на црквата “Света Петка“ во населбата Бедиње вчера се одржа групна венчавка.

    Групна венчавка во црквата “Света Петка“

    Петнаесетина двојки кои долги години живеат заедно, имаат деца или внуци денеска брачната заедница ја официјализираа и во црква. Поради убавото време свештениците од “Кумановско - осоговска“ епархија венчавката ја направија на отворено. Повеќето сопружници велат дека во поранешниот систем склучиле само граѓански брак, а сега откако слушнале дека ќе има групно венчавање решиле да се пријават и да стапат во брак и пред Бога.

      - Ние уште малку ќе славиме јубилеј сребрена свадба. Се решивме тоа да го одбележиме на уште поубав начин. Имаме два сина големи, веќе и тие се стасани за женење. Ова сепак е една христијанска обврска која што препорачувам сите да ја практикуваат - вели 50 годишниот Јовица Ванчевски.

    Анита и Тони Илиевски по 17 години брак одлучија да се приклучат на групната венчаква.

      - По толку време решивме да се венчаме во црква. Во општина сме венчани. Мислам дека оваа традиција да продолжи бидејќи навистина е убаво. Кога се земавме немавме можности и услови да се венчаме и еве сега ни се укажа прилика - рече Анита Илиевска.

     Сличен е случајот со Тања и Бранко Арсовски кои веќе 17 години се заедно, имаат две деца и дури сега се венчаат во црква.

      - Во тоа време само се регистриравме во матично. Јас да бидам искрен, не сум голем верник, јас сум космополит. На интернет прочитавме дека ќе има групна венчавка, мислевме дека ќе биде интересно и жена ми ми предложи да се ставиме во брак пред Бога  - изјави Бранко Арсовски.

     Од “Кумановско - осоговска“ епархија рекоа дека за следната година во исто време се планира групна венчавка, а ќе има и групни крштевки.

      - Се надевам дека ова ќе биде картогодишна традиција бидејќи ќе ги венчаме оние што не се венчале, и апел до сите млади да не го пропуштаат тоа. Доколку имаат било каков проблем или прашање нека дојдат, ние ќе го решиме само за да нивниот живот започне со благослов - кажа Антони Стојковски, старешнина во црквата “Света Петка“.

     Групната венчавка беше бесплатна, а на неа присуствуваа роднини и блиски на верниците кои се венчаа.

    Во Општина Куманово прв пат се организираше церемонија за групно венчавање.