×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Гзим Кадриу нов директор на „Пазаришта“

    15.11.2021 15:50 | Сузана Николиќ

    Гзим Кадриу, кадар на Алијансата на Албанците е нов директор на ЈП „Пазариштa“ во Куманово. Кадриу денеска ја преземал функцијата во присуство на градоначалникот Максим Димитриевски.

    Гзим Кадриу нов директор на „Пазаришта“

    Кадриу по професија е правник, а досега работел во Министерството за финансии.

    Тој доаѓа на местото на Илир Саити од ДУИ, кој два мандати беше в.д. директор на јавното претпријатие.

     Алијанста за Албанците е коалиционен партнер на независната граѓанска иницијатива „За наше Куманово“, а договорот беше постигнат пред вториот круг на локалните избори.

    Покрај смената на Саити, минатата недела беше сменета и в.д. директорката на Основното училиште „Крсте Мисирков“, Драгица Спасиќ од СДСМ, а на нејзино место е назначен Филип Колевски, професор по физичко воспитување и претседател на Сојузот на спортови во Куманово, а беше и кандидат за советник на листата на Димитриевски.