×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хепенинг за безбедно лето

    04.06.2014 11:57 | KumanovoNews

    На Градскиот плоштад, во понеделник во 11 часот, отсекот за превенција при СВР Куманово ќе организира хепенинг насловен како “ Сите заедно за безбедно лето“.

    Хепенинг за безбедно лето

    Хепенингот се прави по повод завршувањето на учебната година и целта е да се испрати порака до младите дека треба безбедно, без употреба на алкохол да го поминат летото и да се посветат на креативни активности.

      - Сите заедно полицијата, угостителите, невладините организации, родителите, наставниците ќе упатиме една порака до младите како најубаво и најбезбедно да го поминат летниот распуст. На овој хепенинг ќе има пригодна програма, а на штандови невладини организации, спортски клубови, здруженија ќе делат флаери и ќе покажат какви услуги нудат. Имаме околу 7- 8 угостителски фирми кои ќе ги послужат присутните со безалкохолни пијалоци бидејќи ќе има малолетници. Поканети се ученици од тимовите за безбедност од основни и средни училишта - вели Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.

    Учениците ќе ги анкетираат случајните минувачи на тема детска деликвенција, а дел од хепенингот ќе бидат “Срма“, балетско судио “Ултра“ и други.

    Хепенингот е дел од проектот “Детско престапништво со елементи на насилство“ кој со реализира отсек за превенција со поддршка на ОБСЕ.