Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска е прв ден од големиот христијански празник Божиќ, денот на Христовото раѓање.
Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Со поздравот „Христос се роди – навистина се роди“, верниците си го честитаат денот на Христовото раѓање. Во црквите верниците палат свеќи, се молат за здравје и бериќет и ја споделуваат веста за тоа кому му се паднала паричката. Придржувајќи се до традицијата и обичаите, по 40 дневен пост, верниците празнуваат покрај богата мрсна трпеза.
Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово, покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“