Хрватите ќе го прослават влегувањето во ЕУ
17.06.2013 12:47
| KumanovoNews
Хрватите од Куманово, во четврток во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ ќе организираат прослава по повод Денот на државноста на Република Хрватска и влезот во ЕУ.

На прославата ќе се обрати претседателот на Здружение на Хрватите во Македонија и амбасадорот на Република Хрватска во Македонија, Златко Крамариќ. Ќе има и презентација на поетска книга “Помеѓу сомнежи“ на поетесата Љерка Тот Наумова.
Прославата ќе почне во 19 часот.