Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Група пијани хрватски навивачи, кои се враќале од натпревар во Грција, во саботата дивееле на бензинската пумпа „Мак Бенз“ и на граничниот премин Табановце.
Прво дел од навивачите околу 12 часот влегле во бензинската пумпа, при што на излегување зеле прехрамбени продукти и пијалоци, кои не сакале да ги платат. Додека да се расчисти случајот тие биле задржани на граничниот премин, и најверојатно револтирани поради тоа, од автобусите излегла група која почнала да фрла канти за отпадоци и при тоа оштетиле едно паркирано возило. Откако биле смирени во 14 часот сите четири возила со навивачите ја напуштиле територијата на Р.Македонија.