Хуманитарен базар за помош на “Порака наша“
28.01.2014 09:02
| KumanovoNews
Во почетокот на февруари ученици од здравствена струка од “Наце Буѓони“ ќе организираат хуманитарен базар за помош на Дневен центар “Порака наша“.
Тие ќе ги продаваат ракотворбите изработени од корисниците на “Порака наша“.
Ова е една од нашите воншколски активности. Сакаме да собереме што повеќе пари за “Порака наша“ и да ги израдуваме корисниците пред Свети Валентин - рече Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ, професор по стручни предмети во “Наце Буѓони“.
Сличен базар беше организиран и пред Нова година.