Хуманитарен коктел за поплавените подрачја
28.05.2014 07:39
| KumanovoNews
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, вечерва во 19.30 часот Црвен Крст во соработка со винарија “Премиум“ организира хуманитарен коктел.

Граѓаните за секоја донација од над 50 денари добиваат чаша вино плус изненадување. Се повикуваат граѓаните да се вклучат во овој хуманитарен настан и да помогнат на семејствата чии домови се уништени во поплавите што го зафатија соседството.