×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Хуманитарен концерт за помош на Србија, БИХ и Хрватска

    05.06.2014 12:31 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, во вторник во 19.30 часот, ќе се оддржи хуманитарен концерт за помош на поплавените градови во Србија, БИХ и Хрватска.

    Хуманитарен концерт за помош на Србија, БИХ и Хрватска

    На концертот ќе настапат: КУД “Срма“, КУД“Српски вез“, група Милениум, Стевче Јакимовски  со етно група “Тоска“, а гости се: Нино Величковски, Маргица Антевска, Александар Богдановски и КУД“Ѓоко Симоновски“ од Здружение на пензионери.

       - Ги повикуваме сите граѓани да ја покажат својата хуманост на дело. Билетите чинат 100 денари и можат да се купат во Центарот за култура, во просториите на Српска заедница во поранешен Комитет секој работен ден од 10 до 14 и од 17 до 20 часот. Средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат уплатени на жиро сметка во поплавените подрачја  - вели Горан Зафировиќ, претседател на регионална организација на Српска заедница Куманово.

    Организаторите ги повикуваат граѓаните да дојдат на концертот, да уживаат во убавата музика и да придонесат за настраданите од соседството.

       - КУД “Срма“ годишниот концерт ќе го прави во хуманитарни цели. Се роди идеја да ги поканивме Маргица и Нино, кои се водечки на естрадата од Куманово, како и Александар и пензионери кои ќе бидат наши гости - рече Слаѓан Станишковски од група Милениум.