×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • И министерот Бајрами ги брани партиските вработувања

    02.12.2010 17:38 | KumanovoNews

    Поранешните вработени во Центарот за социјална работа во Куманово, кои останаа без работа поради партиски вработувања, денеска од министерот за труд и социјална политика Џељал Бајрами, побараа објаснување по кој критериум и по која политика тие по долгогодишна работа останаа на улица, а на нивно место се вработиле ќерки, сестри и роднини на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

    И министерот Бајрами ги брани партиските вработувања

     Тие го начекаа министерот, додека беше во посета на Центарот за деца со посебни потреби, при што му покажа пофалници и признанија за нивната работа, како и петиција од родители на децата кои бараат тие да се вратат на работа.

    Мене исклучиво ме интерeсира вработените да се професионалци и да си ја вршат работата согласно законите и прописите.  За лицата што не се примени, оние што одлучувале да не ги вработат најдобро ги знаеле, и можеби не биле квалитетни. Директорката што ја споменувате дека ја вработила нејзината ќерка, во моментот на одлучување не била директорка,  и јас не би дозволил никогаш, директор кој е поставен од моја страна да вработи свое дете. Одговорно ви тврдам дека директорката не одлучила за нејзината ќерка, бидејќи таа била разрешена уште пред да се објави огласот. Тоа што истовремено мајка и ќерка работат во една институција, според мене не значи непотизам - изјави министерот Џељал Бајрами.

    Министерот вети дека сепак ќе го испита случајот, и документите на сите кандидати ќе ги стави на увид за да се види по кој критериум се примени новите вработени, а доколку има прекршувања на законот ќе ги поништи. Петте жени се разочарани што политичарите ја ставаат во прашање нивната професионалност и квалитет, само да го заштитат непотизмот и партиските вработувања.

    Жално е што испадна дека никој не одлучувал, бидејќи сите се оградуваат: oд Центарот за социјални работи, Министерството и партијата ВМРО-ДПМНЕ. Како и да е, ние сме немоќни да ја добиеме оваа битка, бидејќи тие се власт - велат разочарано жените.