×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • И по 3 години владеење Димитриевски не го реши сообраќајниот хаос во градот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

    12.03.2021 20:16 | KumanovoNews

    Наместо проширување на постоечките улици во центарот на градот, пробивање на нови улици, нов режим за движење на возилата, олеснет проток на возилата низ градот, добивме тотален хаос и секојдневни сообраќајни  гужви кои го блокираат градот, обвини на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Милан Давидовиќ.

    И по 3 години владеење Димитриевски не го реши сообраќајниот хаос во градот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

    „Сообраќајниот хаос за кој тие ветија дека ќе го средат, денес е неподносливо секојдневие за кумановци. Беше ветено подобро функционирање на градот, изработкатка на нова сообраќајна студија, дефинирање на нов режим на движење на возилата, проширување на улици, изработка на нови сообраќајници, но тоа остана празна буква на хартија. Куманово после скоро четири години власт на СДС и Димитриевски, секојдневно се гуши во се поголем сообраќаен метеж создаден од возилата, оради немење соодветна патна инфраструктура. Актуелниот сообраќаен режим е нефункционален бавена на неколку точки закочен и блокиран. Денеска во Куманово, побрзо ќе завршиш некоја работа движејќи се пеш, отколку движејќи се со возило низ метежот низ улиците“, додаде Давидовиќ.

    „Локалната власт и градоначалникот Димитриевски во изминатите 3 години успејаа да потрошат преку 30 милиони евра пари на кумановци без притоа да реализираат ниту еден капитален и инфраструктурен проект со кој би се решил или подобрил сообраќајниот метеж во Куманово. Нема нови улици, нема проширување на главните артерии во градот, нема нова сигнализација. Ѓраѓаните прашуваат дали локалната самоуправа превзема мерки за надминување на овој хаос и до кога СДС и Максим Димитриевски безмилосно ќе ги трошат народните пари, а проблемите ќе ги кријат под тепих“, рече Давидовиќ.