И ветил паричен надомест од државата, но ја измамил за 810 евра и побегнал
05.05.2021 14:43
| KumanovoNews
Во СВР Куманово, вчера во 14 часот 48-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 810 евра.

Според пријавеното, на крајот на април 2021 година изманикот се јавил и понудил да ѝ помогне, односно да ѝ обезбеди паричен надомест од државата за временски период колку има работено претходно.
Откако се договориле, во два наврати ги предала парите на лице од Скопје, по што веќе не можела да стапи во контакт со него и се посомневала дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.